Римјаните 12:1-21

12  Затоа, браќа, сесрдно ве молам, поради Божјата сомилост, да ги дадете своите тела+ како жртва+ жива,+ света,+ прифатлива за Бог,+ да му служите на Бог,*+ користејќи го својот разум.+  И не дозволувајте и понатаму да ве обликува+ овој свет,* туку преобразете се така што ќе го обновите својот ум,+ за да утврдите+ која е Божјата волја+ — што е добро, прифатливо и совршено.  Всушност, преку незаслужената доброта, која ми е покажана, му велам на секој меѓу вас да не мисли за себе повеќе отколку што треба да мисли,+ туку да мисли за себе разумно,+ секој според верата што му ја дал Бог.+  Зашто, како што во едно тело имаме многу делови,+ но сите делови на телото немаат иста улога,  така и ние, иако сме многу, едно тело сме+ во единство со Христос, а како поединци сме едни на други делови на телото.+  Значи, имаме различни дарови,+ зависно од незаслужената доброта+ која ни е покажана: ако е тоа пророкување, да пророкуваме соодветно на верата што ни е дадена;  ако е тоа служење, да ја извршуваме таа служба;+ ако некој поучува,+ нека се посвети на поучувањето;+  ако некој советува, нека му се посвети на советувањето;+ кој дели, нека го прави тоа дарежливо;+ кој предводи,+ нека го прави тоа ревносно; кој покажува милосрдие,+ нека го прави тоа радосно.  Вашата љубов+ нека не биде лицемерна.+ Мразете го злото,+ држете се за доброто.+ 10  Со братска љубов+ сакајте се срдечно еден со друг. Предводете во искажувањето почит+ еден кон друг. 11  Во работата не бидете мрзливи.+ Духот нека ве поттикнува на ревност.+ Робувајте му на Јехова.+ 12  Радувајте се во надежта.+ Стрпливо поднесувајте неволја.+ Истрајте во молитвата.+ 13  Делете со светите според нивните потреби.+ Бидете гостољубиви.+ 14  Благословувајте ги прогонителите+ — благословувајте,+ а не колнете.+ 15  Радувајте се со оние што се радуваат,+ плачете со оние што плачат. 16  За другите мислете онака како што мислите и за себе.+ Не мислете високо за себе,+ туку нека ве привлекува она што е понизно.+ Немојте самите себе да се сметате за разборити.+ 17  Никому не враќајте зло за зло.+ Правете го она што сите луѓе го сметаат за добро. 18  Ако е можно, колку што зависи од вас, бидете во мир+ со сите луѓе. 19  Не одмаздувајте се,+ сакани, туку дајте му место на Божјиот гнев,+ зашто е напишано: „Одмаздата е моја, јас ќе вратам, вели Јехова“.+ 20  Напротив, „ако твојот непријател е гладен, нахрани го, ако е жеден, напој го,+ зашто, правејќи така, му натрупуваш жив жар врз главата“.+ 21  Не дозволувај да те надвладее злото, туку надвладеј го злото со добро!+

Фусноти

Или: „да вршите света служба“.
Види ја фуснотата за Мт 12:32.