Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 06

Како настанал животот?

Како настанал животот?

Во врска со Бог, Библијата вели: „Ти создаде сѐ“ (Откровение 4:11). Дали веруваш во тоа? Некои луѓе сметаат дека не постои Творец, односно дека животот не бил создаден. Ако тоа е точно, тогаш ние сме настанале случајно. Но, ако Јехова Бог го создал животот, тогаш тој има некаква цел. a Разгледај што вели Библијата за потеклото на животот и зошто има добри причини да веруваме дека тоа е вистина.

1. Како настанала вселената?

Во Библијата пишува: „Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата“ (1. Мојсеева 1:1). Повеќето научници се согласуваат дека вселената имала почеток. Како Бог ја создал? Тој го користел својот свет дух за да создаде сѐ во вселената, вклучувајќи ги и галаксиите, ѕвездите и планетите (1. Мојсеева 1:2).

2. Зошто Бог ја создал Земјата?

Јехова не ја создал Земјата залудно, туку ја обликувал „за да биде населена“ (Исаија 45:18). Тој ја создал нашата планета како убаво место за живеење со сѐ што им е потребно на луѓето за да живеат вечно. (Прочитај Исаија 40:28; 42:5.) Научниците велат дека Земјата се разликува од сите други планети. Тие не нашле ниту една друга планета која ги има сите услови неопходни за живот.

3. Во што се разликуваат луѓето од животните?

Откако ја создал Земјата, Јехова создал и живот на неа. Најнапред ја наполнил планетата со растенија и животни. Потоа, Бог го создал човекот „според својот лик“. (Прочитај 1. Мојсеева 1:27.) Каква разлика постои меѓу луѓето и другиот жив свет? Бидејќи сме создадени според Божјиот лик, ние можеме да ги покажуваме Божјите особини како што се љубов и правда. Бог исто така нѐ создал со способност да учиме јазици, да се восхитуваме на уметноста и да уживаме во музиката. Освен тоа, за разлика од животните, ние можеме да му служиме на нашиот Творец.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе разгледаш неколку докази дека животот бил создаден и дека она што Библијата го вели за создавањето е логично. Исто така, ќе дознаеш што можеме да научиме за Бог од убавите особини што ги имаат луѓето.

4. Животот бил создаден

Луѓето добиваат признанија за пронајдоци што ги копираат од природата. Тогаш, кој треба да добие признание за оригиналите? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

  • Кои пронајдоци луѓето ги копирале од природата?

Секоја куќа е осмислена и изградена од некого. Но кој ги осмислил и направил работите во природата? Прочитај Евреите 3:4, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Кои работи во природата те воодушевуваат?

  • Дали е логично да веруваме дека сѐ што постои во вселената било создадено, и зошто?

Дали си знаел?

Повеќе статии и видеоклипови на оваа тема можеш да најдеш на jw.org во рубриките „Случајно или создадено?“ и „Потеклото на животот“.

„Секоја куќа некој ја изградил, а Бог е оној што изградил сѐ“

5. Има добри причини да веруваме во библискиот извештај за создавањето

Во Библијата, во 1. Мојсеева, поглавје 1, е опишано создавањето на Земјата и животот на неа. Можеш ли да имаш доверба во тој извештај или сметаш дека тоа е само една бајка? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следниве прашања:

  • Дали Библијата вели дека Земјата и животот на неа биле создадени за шест дена од по 24 часа?

  • Дали е логично и разумно да веруваме во библискиот извештај за создавањето, и зошто мислиш така?

Прочитај 1. Мојсеева 1:1, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Научниците велат дека вселената имала почеток. Дали нивниот заклучок е во склад со стихот што сега го прочита во Библијата?

Некои луѓе се прашуваат дали Бог користел еволуција за да го создаде живиот свет. Прочитај 1. Мојсеева 1:21, 25, 27, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Дали во Библијата пишува дека Бог создал едноставни облици на живот, а потоа дозволил тие да еволуираат во риби, цицачи и луѓе? Или, пак, Бог ги создал сите основни „видови“ на живот? b

6. Луѓето се уникатна Божја творба

Ние се разликуваме од животните што ги создал Јехова. Прочитај 1. Мојсеева 1:26, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Бидејќи сме создадени според Божјиот лик, што учиме за Бог од нашата способност да покажуваме љубов и сочувство?

НЕКОИ ВЕЛАТ: „Библискиот извештај за создавањето е само бајка“.

  • Што мислиш ти за тоа, и зошто?

ШТО НАУЧИ:

Јехова ја создал вселената и целиот жив свет.

Како би одговорил?

  • Што вели Библијата за тоа како настанала вселената?

  • Дали Бог ги создал разните видови жив свет или дозволил тие да еволуираат од едноставен облик на живот?

  • Зошто луѓето се уникатна Божја творба?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Разгледај некои примери од природата кои покажуваат дека постои Творец.

„Што учиме од природата?“ (Разбудете се! од септември 2006)

Види како еден татко му го објаснува на своето синче библискиот извештај за создавањето.

Јехова создал сѐ (2:37)

Прочитај што откриваат фосилните остатоци и научните експерименти — дали животот бил создаден или настанал случајно.

Пет важни прашања за потеклото на животот (брошура)

a Лекција 25 зборува за тоа каква е Божјата намера со луѓето.

b Зборот „вид“ што се користи во Библијата има многу пошироко значење од зборот „вид“ што се користи во науката.