Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

TheCrimsonMonkey/E+ via Getty Images

ПОСЕБНА АКЦИЈА

Еколошки проблеми — што ќе направи Божјето Царство

Еколошки проблеми — што ќе направи Божјето Царство

 „Сериозниот проблем со климатските промени ги погодува луѓето, градовите и екосистемите. Силни бури, со сѐ поголем интензитет поради климатските промени, уништуваат домови и средства за живот, и тоа низ целиот свет. Температурата на океаните се зголемува, а тоа го загрозува опстанокот на многу видови“ (Ингер Андерсен, генерален потсекретар на Обединетите нации и извршен директор на Програмата за животна средина на ОН, 25 јули 2023).

 Дали владите ќе успеат да се обединат и да ги решат овие глобални проблеми? Дали се способни да обезбедат трајно решение?

 Библијата зборува за една влада која може да ги реши сите еколошки проблеми на Земјата и која ќе го направи тоа. Таа вели дека „небесниот Бог ќе подигне царство“, односно ќе постави влада која ќе ги реши проблемите во целиот свет (Даниел 2:44). Под власта на тоа Царство, „повеќе нема да се прави зло и нема да се пустоши“, односно луѓето нема да им наштетуваат ниту на другите луѓе ниту на Земјата (Исаија 11:9).