Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Предлог за овој месец

Предлог за овој месец

Научи ги напамет нашите песни

„Кога ме измачуваат чувства на безвредност, Јехова ми го дава потребното охрабрување преку песните на JW Broadcasting®“ (Лорејн, САД).

Христијаните отсекогаш пееле „духовни песни“ за да го слават Бог (Кол. 3:16). Ако ги научиш овие песни напамет, тие ќе можат да ти помогнат дури и кога ќе немаш песнарка или електронски уред. За да ги научиш песните напамет, примени ги следниве предлози:

  • Внимателно прочитај го текстот за да го разбереш значењето. Ако нешто добро разбереш, полесно ќе се сетиш на тоа. Текстовите на сите наши песни, вклучувајќи ги и песните за деца, можеш да ги најдеш на jw.org. Оди во делот Библиотека, а потоа во делот Музика.

  • Препиши го текстот на хартија. Ова може да ти помогне уште подобро да го запомниш текстот (5. Мој. 17:18).

  • Вежбај на глас. Читај ја или пеј ја песната одново и одново.

  • Провери колку си запомнил. Пробај да се сетиш на зборовите од песната без да гледаш во текстот, а потоа провери колку си запомнил.