Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Месијата

Месијата

Библијата прорекла дека на Земјата ќе дојде Месија кој ќе го ослободи човештвото од болести, страдања и смрт. Дали Исус Христос е Месијата?

Како луѓето можеле да го препознаат Месијата?

Во Библијата било проречено дека Месијата, односно Христос, ќе има две улоги во два различни временски периоди. * Првата улога требало да ја има како човек на Земјата. Библиските писатели прорекле многу детали за животот и службата на Исус за луѓето да можат лесно да препознаат дека тој е Месијата. Всушност, главната цел на библиските пророштва е „да сведочат за Исус“ (Откровение 19:10).

Кога бил на Земјата, Исус покажал што ќе направи во многу поголеми размери како моќно духовно суштество

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА:

Таа прорекла дека, во својата прва улога, Месијата...

Исус ги исполнил сите овие пророштва како и многу други. Лекувал болни и воскреснувал мртви. Но, освен што ни дал силен доказ дека тој е Месијата, ни дал и цврста основа да веруваме дека библиските пророштва во иднина ќе се исполнат во уште поголема мера (Лука 7:21-23; Откровение 21:3, 4). Откако воскреснал, Исус седнал од ‚десната страна‘ на Бог и чекал да дојде времето да ја доврши својата улога како Месија (Псалм 110:1-6).

„Кога ќе дојде Христос, зарем ќе направи повеќе знаци отколку што направи овој?“ (Јован 7:31).

Како Месијата ќе ја исполни својата втора улога?

Евреите во времето на Исус очекувале Месијата да ги ослободи од римската власт и да владее како цар на обновеното царство на Израел (Дела 1:6). Следбениците на Исус кои биле Евреи дури подоцна сфатиле дека тој ќе ја исполни својата втора улога од небото како моќно духовно суштество кое ќе има голема власт (Матеј 28:18).

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА:

Таа прорекла дека, во својата втора улога, Месијата...

Како Месија, Исус ја исполнил својата прва улога, а наскоро ќе ја исполни и својата втора улога. Оние што се мудри учат за него затоа што самиот Исус рекол: „Јас сум патот и вистината и животот“ (Јован 14:6).

„Во неговите дни ќе процвета праведникот и ќе има голем мир сѐ додека постои месечината. Ќе има поданици... до краиштата на земјата“ (Псалм 72:7, 8).

^ пас. 5 Зборот „Месија“ потекнува од хебрејскиот јазик. Изразот „Христос“ го има истото значење како и „Месија“, но доаѓа од грчкиот јазик (Јован 1:41).

^ пас. 7 Првиот библиски извештај се однесува на пророштвото, а вториот на исполнувањето.