Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Како ќе ти користи тоа што ќе го запознаеш Бог?

Како ќе ти користи тоа што ќе го запознаеш Бог?

Во претходните статии дознавме некои работи кои ни помагаат да дојдеме до одговорот на прашањето: „Кој е Бог?“ Од Библијата видовме дека Божјето име е Јехова и дека негова најистакната особина е љубовта. Исто така, видовме што веќе направил и што ќе направи во иднина за луѓето. Но, тоа не е сѐ. Можеш уште многу да учиш за Бог. Сепак, можеби се прашуваш како ќе ти користи тоа што ќе дознаеш и други работи за него.

Јехова ветува дека, „ако го бараш, ќе ти дозволи да го најдеш“ (1. Летописи 28:9). Ако вложиш труд да го запознаеш Бог, ќе стекнеш нешто многу скапоцено — блиско пријателство со него! (Псалм 25:14). Што може да значи тоа пријателство за тебе?

Ќе бидеш вистински среќен. Јехова е опишан како „среќниот Бог“ (1. Тимотеј 1:11). Тоа што ќе станеш близок со него и ќе постапуваш како него ќе ти помогне да бидеш вистински среќен, а тоа може да ти користи во емоционален, психички и физички поглед (Псалм 33:12). Ќе можеш да имаш среќен живот бидејќи ќе се чуваш од штетни навики, ќе стекнеш здрави навики и ќе имаш добри односи со другите. И ти ќе се чувствуваш како псалмистот, кој рекол: „Мене ми е добро да бидам близу до Бог“ (Псалм 73:28).

Јехова ќе се грижи за тебе. Јехова му ветил на секој свој слуга: „Ќе те советувам, моето око ќе биде над тебе“ (Псалм 32:8). Тоа значи дека Јехова се грижи за секој свој слуга поединечно и дека секому му го дава токму она што му е потребно (Псалм 139:1, 2). Кога ќе се зближиш со него, ќе сфатиш дека тој секогаш е тука за тебе.

Ќе имаш прекрасна иднина. Освен што може да ти помогне да водиш среќен и исполнет живот денес, Јехова Бог ти дава можност да имаш прекрасна иднина (Исаија 48:17, 18). Во Библијата пишува: „За да добијат вечен живот, треба добро да те запознаат тебе, единствениот вистински Бог, и оној кого го испрати, Исус Христос“ (Јован 17:3). Во овие тешки времиња, надежта што ни ја дава Бог може да биде за нас како „сигурна и цврста котва“ (Евреите 6:19).

Постојат и многу други причини зошто е важно подобро да го запознаеш Бог и да стекнеш близок однос со него. За да дознаеш нешто повеќе, можеш да стапиш во контакт со некој од Јеховините сведоци или да одиш на www.dan124.com.