Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

1 | Молитва — „сите свои грижи фрлете ги на него“

1 | Молитва — „сите свои грижи фрлете ги на него“

БИБЛИЈАТА ВЕЛИ: „Сите свои грижи фрлете ги на [Бог], зашто тој се грижи за вас“ (1. ПЕТРОВО 5:7).

Што значи ова

Јехова нѐ повикува да зборуваме со него за сите грижи што нѐ измачуваат (Псалм 55:22). Ниту еден проблем не е ни преголем ни премал за да се молиме за него. Ако ни е важен нам, важен му е и на Јехова. Еден неопходен чекор за да добиеме внатрешен мир е да му се молиме на Бог (Филипјаните 4:6, 7).

Како ова може да помогне

Ако имаме проблеми поврзани со менталното здравје, можеби се чувствуваме осамено затоа што другите луѓе не можат секогаш во потполност да разберат низ што минуваме (Изреки 14:10). Но, ако во молитва искрено му кажеме на Бог како се чувствуваме, тој сочувствително ќе нѐ сослуша и ќе нѐ разбере. Јехова нѐ гледа, знае со што се соочуваме и ја знае нашата болка, и тој сака да му се молиме во врска со сѐ што нѐ загрижува (2. Летописи 6:29, 30).

Тоа што му се молиме на Јехова уште повеќе ни ја зајакнува довербата дека тој се грижи за нас. Можеме да се чувствуваме исто како псалмистот, кој се молел со следниве зборови: „Погледна на мојата неволја. Ти ги знаеш маките на мојата душа“ (Псалм 31:7). Самото тоа што знаеме дека Јехова забележува што ни се случува во животот може многу да ни помогне кога минуваме низ тешки периоди. Но, тој не само што забележува со што се соочуваме туку прави и нешто повеќе. Бог нѐ разбира подобро од кој и да е друг и ни помага да добиеме утеха и охрабрување преку Библијата.