Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Како да најдеш верни пријатели

Како да најдеш верни пријатели

Катче за младите

Како да најдеш верни пријатели

Упатство: Седни на тивко место и прочитај ги стиховите што се дадени подолу. Додека читаш, замисли си дека си во тоа време и на тоа место. Претстави си ги околината и луѓето. Слушај ги гласовите. Соживеј се со чувствата на главните ликови. Живо претстави си ги настаните.

Главни ликови: Јонатан, Давид и Саул

Кратка содржина: Откако Давид го убил Голијат, Јонатан му станал најдобар пријател на Давид.

1. АНАЛИЗИРАЈ ЈА СЦЕНАТА. (ПРОЧИТАЈ 1. САМОИЛОВА 17:57 — 18:11; 19:1; 20:1-17, 41, 42.)

Како си го замислуваш Саул? (Мала помош: Види 1. Самоилова 10:20-23.)

․․․․․

Кога се запознал со Јонатан, Давид веројатно бил многу млад. Како си го замислуваш? (Мала помош: Види 1. Самоилова 16:12, 13.)

․․․․․

Какви чувства се насетуваат во гласовите на Давид и Јонатан при нивната разделба, како што е запишано на крајот на 20. поглавје од 1. Самоилова?

․․․․․

2. РАЗМИСЛИ ПОДЛАБОКО.

Во извештајот пишува дека ‚душата на Јонатан се врзала за душата на Давид‘, што значи дека станале најдобри пријатели (1. Самоилова 18:1). Кои особини на Давид толку му се допаднале на Јонатан? (Мала помош: Види 1. Самоилова 17:45, 46.)

․․․․․

Давид бил околу 30 години помлад од Јонатан. Што мислиш, што им помогнало да станат најдобри пријатели и покрај големата разлика во годините?

․․․․․

Што значи да се биде вистински пријател, како што се гледа од овој интересен извештај? (Мала помош: Види Изреки 17:17; 18:24.)

․․․․․

Зошто за Јонатан било поважно да му биде верен на Давид отколку да му биде верен на својот татко?

․․․․․

3. ИЗВЛЕЧИ ПОУКА. ЗАПИШИ СИ ШТО НАУЧИ ЗА...

пријателството:

․․․․․

верноста:

․․․․․

пријателството со постарите лица:

․․․․․

тоа како да стекнеш добри пријатели:

․․․․․

4. ШТО ТИ ОСТАВИ НАЈСИЛЕН ВПЕЧАТОК ОД ОВОЈ ИЗВЕШТАЈ, И ЗОШТО?

․․․․․

АКО НЕМАШ БИБЛИЈА, ПОБАРАЈ ОД ЈЕХОВИНИТЕ СВЕДОЦИ. ДРУГИ БИБЛИСКИ ПУБЛИКАЦИИ МОЖЕШ ДА НАЈДЕШ НА www.watchtower.org и на www.dan124.com