Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Какво гледиште има кон војните?

Какво гледиште има кон војните?

Алберто бил војник скоро 10 години. Тој вели: „Пред да одиме во битка, нашиот свештеник нѐ благословуваше со зборовите: ‚Бог нека биде со вас‘. Ама јас си мислев: ‚Зар Бог ќе биде со мене кога одам да убивам луѓе? Нели во Библијата пишува „не убивај“‘?“

Реј служел во морнарицата за време на Втората светска војна. Во една прилика го прашал свештеникот: „Ти се молиш нашата војска да победи, но зар не се молат за истото и нашите непријатели?“ Свештеникот само му одговорил дека Божјите патишта се чудни.

Ако ти е тешко да го прифатиш овој одговор, не си единствениот.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА?

Исус рекол дека една од најголемите заповеди што Бог им ја дал на луѓето е да го ‚сакаат својот ближен како себеси‘ (Марко 12:31). Дали Исус сакал да каже дека треба да ги сметаме за ближни само луѓето од нашето место и од нашата националност? Не. Тој им рекол на своите следбеници: „По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако се сакате еден со друг“ (Јован 13:34, 35). Нивната љубов требало да биде толку голема што ќе служела како знак по кој ќе се препознаваат. Учениците на Исус требало да бидат спремни попрво да го дадат својот живот за другите отколку да им го одземат.

Христијаните во првиот век живееле во склад со она што го кажал Исус. Во една енциклопедија пишува: „Првите црковни отци, како што биле Тертулијан и Ориген, потврдиле дека христијаните никогаш не би се осмелиле да убијат човек. Поради тоа не стапувале во редовите на римската војска“ (The Encyclopedia of Religion).

КАКОВ СТАВ ИМААТ ЈЕХОВИНИТЕ СВЕДОЦИ КОН ВОЈНИТЕ?

Бидејќи низ целиот свет живеат Јеховини сведоци, кога ќе дојде до судир меѓу различни држави има Сведоци и на едната и на другата страна. Сепак, тие прават сѐ што можат и во такви услови да покажат дека се сакаат.

Дали верските водачи ги поучуваат луѓето да покажуваат вистинска љубов?

На пример, во 1994 год., кога во Руанда изби етнички судир помеѓу племињата Хуту и Тутси, Јеховините сведоци останаа потполно неутрални. Сведоците честопати си го ризикуваа животот за да ги скријат своите браќа и сестри од другото племе. Кога двајца Сведоци од племето Хуту биле фатени затоа што ги криеле своите браќа од племето Тутси, хуту-полицијата Интерхамве рекла: „Мора да умрете затоа што им помогнавте на Тутсите да избегаат“. За жал, двајцата Сведоци од племето Хуту биле убиени (Јован 15:13).

Што мислиш, дали Јеховините сведоци покажуваат самопожртвувана љубов, како што рекол Исус?