Префрли се на текстот

Библиски атлас

Библиски атлас

Брошурата Запознај ја ’добрата земја‘ е детален библиски атлас кој може да ти помогне подлабоко да ја проучуваш Библијата. Во Божјата Реч се спомнуваат безброј места, градови и земји. Овој атлас може да ти помогне читањето и проучувањето на Библијата да ти стане уште поинтересно. Ќе можеш да ги најдеш и пореално да си ги претставиш местата на кои се случиле некои библиски настани, како и подобро да сфатиш на кој начин географските обележја влијаеле врз нив.

Брошурата Запознај ја ’добрата земја‘ содржи бројни мапи и табели во боја од различни места кои се спомнуваат во Библијата. Овој библиски атлас содржи и дијаграми, компјутерски прикази и многу други обележја со чија помош можеш да го збогатиш твоето лично проучување.

Со помош на овој библиски атлас ќе можеш...

  • подобро да разбереш каде патувале Авраам, Исак и Јаков

  • да видиш по кој пат се движеле Израелците на нивното патување од Египет до Ветената земја

  • да споредиш каде се наоѓало подрачјето на Израел во однос на непријателските народи

  • да видиш каде сѐ патувал Исус во текот на неговата служба

  • да добиеш претстава на колкава територија владееле некои царства спомнати во Библијата, како што биле Вавилон, Грција и Рим

Овој бесплатен библиски атлас е достапен онлајн.