Префрли се на текстот

Што вели Библијата за Божиќ?

Што вели Библијата за Божиќ?

Што вели Библијата:

 Во Библијата никаде не пишува кога се родил Исус ниту, пак, дека треба да го славиме неговото раѓање. Во една енциклопедија стои: „Славењето Божиќ не е заповед од Бог, ниту потекнува од НЗ [Новиот завет]“ (McClintock and Strong’s Cyclopedia).

 Всушност, ако го испитаме потеклото на Божиќ, ќе откриеме дека влече корени од паганските верски обреди. А во Библијата пишува дека го навредуваме Бог ако го обожаваме на начин што не му се допаѓа нему (2. Мојсеева 32:5-7).

Потеклото на божиќните обичаи

  1.   Славење на Исусовото раѓање: „Првите христијани не го славеле [Исусовото] раѓање затоа што сметале дека славењето нечиј роденден е пагански обичај“ (The World Book Encyclopedia).

  2.   Седми јануари: Нема никаков доказ дека Исус се родил на тој датум. Црковните водачи најверојатно го избрале овој датум за да се поклопи со паганските празници што се одржувале во тој период од годината.

  3.   Давање подароци и гозби: Во една енциклопедија пишува: „Сатурналии бил римски празник кој се прославувал во средината на декември. Од него произлегле многу божиќни обичаи. Некои од нив се обичаите да се прават гозби, да се даваат подароци и да се палат свеќи“ (The Encyclopedia Americana). Во Encyclopædia Britannica стои дека за време на празникот Сатурналии „не смеело ништо да се работи“.

  4.   Божиќни украси: Според една енциклопедија, луѓето во Европа ги украсуваат своите домови „со светилки и со разни украси од зимзелени дрвја“ за да ја прослават зимската краткодневица и да ги истераат злите духови (The Encyclopedia of Religion).

  5.   Бадникови гранчиња од даб, зимзелени дрвја: „Друидите му припишувале натприродна моќ на дабовото дрво. А зимзелените дрвја биле обожавани за да се врати сонцето“ (The Encyclopedia Americana).

  6.   Божиќно дрво: „Обожавањето на дрво било карактеристично за паганските народи во Европа. Тие продолжиле со ова дури и откако станале христијани.“ Еден обичај кој опстанал до ден-денес е „поставувањето на божиќно дрво на влезот од куќата или внатре за време на зимските празници“ (Encyclopædia Britannica).