Префрли се на текстот

Што вели Библијата за трансфузијата на крв?

Што вели Библијата за трансфузијата на крв?

Што вели Библијата:

 Библијата јасно вели дека не смееме да примаме крв. Тоа значи дека не треба да примаме ниту полна крв ниту некоја од нејзините главни состојки. Затоа, не примаме крв во ниту еден облик, без разлика дали станува збор за храна или трансфузија. Размисли за следниве мисли од Библијата:

  •   1. Мојсеева 9:4. Иако после Потопот Бог им дозволил на Ное и на неговото семејство да јадат месо, тој им заповедал да не ја јадат крвта од животното. Бог му рекол на Ное: „Не смеете да јадете месо со неговата душа, односно со неговата крв“. Бидејќи сме потомци на Ное, оваа заповед важи и за сите нас денес.

  •   3. Мојсеева 17:14. „Не смеете да ја јадете крвта од ниту едно тело, зашто душата на секое тело е неговата крв. Секој што ќе јаде од неа, ќе биде погубен.“ Во Божји очи душата, односно животот, е во крвта и му припаѓа на Бог. Иако оваа заповед им била дадена само на Израелците, од неа јасно се гледа колку остро Бог го осудува јадењето крв.

  •   Дела 15:20. ,Воздржувајте се од крв.‘ На христијаните, Бог им ја дал истата заповед што му ја дал на Ное. Историјата потврдува дека првите христијани на никаков начин не сакале да примат крв, дури и кога станувало збор за некој вид лекување.

Зошто Бог ни заповеда да не примаме крв?

 Медицински е докажано дека трансфузијата на крв може да биде опасна по нашето здравје. Но, најважната причина поради која Бог ни заповеда да не примаме крв е тоа што во негови очи таа го претставува животот и е нешто свето (3. Мојсеева 17:11; Колошаните 1:20).