Префрли се на текстот

Каде живее Ѓаволот?

Каде живее Ѓаволот?

Што вели Библијата:

 Ѓаволот е духовно суштество и затоа живее во духовниот свет. Но, духовниот свет не е пекол каде што тој ги мачи злобните луѓе, како што е прикажано на сликата.

„Војна на небото“

 Некое време, Сатана Ѓаволот можел слободно да се движи во духовното подрачје, па дури и да се појавува пред Бог заедно со неговите верни ангели (Јов 1:6). Но, во Библијата било проречено дека ќе избие „војна на небото“ по која Сатана ќе биде „исфрлен на земјата“ (Откровение 12:7-9). И библиската хронологија и светските настани потврдуваат дека веќе се случила оваа небесна војна. Сега, Ѓаволот може да дејствува само на Земјата.

 Во врска со древниот град Пергам, во Библијата пишува дека е „престолот на Сатана“ и градот „каде што живее Сатана“ (Откровение 2:13). Дали тоа значи дека Сатана живее на конкретно место на нашата планета? Не. Овие изрази укажуваат на тоа дека во Пергам било длабоко вкоренето лажното обожавање зад кое, всушност, стоел Сатана. Библијата вели дека Сатана владее со „сите царства на светот“. Според тоа, тој не живее на некое конкретно место на нашата планета, туку дејствува на целата Земја (Лука 4:5, 6).