Префрли се на текстот

Можеме ли да ја разбереме библиската книга Откровение?

Можеме ли да ја разбереме библиската книга Откровение?

Што вели Библијата:

 Грчкиот назив за библиската книга Откровение, Апокалипсис (апокалипса), значи „откривање“ или „објава“. Самиот назив покажува која е целта на оваа книга — да го открие она што е скриено и да ги објави настаните што требало да се случат многу години откако била напишана. Многу пророштва кои се запишани во книгата Откровение допрва треба да се исполнат.

Краток преглед на книгата Откровение

Што ќе ти помогне да ја разбереш книгата Откровение?

  1.   Имај на ум дека, на оние што му служат на Бог, оваа книга им пренесува позитивна, а не застрашувачка порака. Многу луѓе го поврзуваат зборот „апокалипса“ со некоја голема катастрофа. Но, и на почетокот и на крајот од библиската книга Откровение пишува дека оние што ја читаат, се трудат да ја разберат и го применуваат она што го дознале од неа се среќни (Откровение 1:3; 22:7).

  2.   Во книгата Откровение се користат многу знаци и симболи кои немаат дословно значење (Откровение 1:1).

  3.   Повеќето личности, изрази и симболи се спомнати и во некоја друга книга од Библијата:

  4.   Виденијата се однесуваат на „денот на Господарот“, кој започнал во 1914 год., кога Божјето Царство било воспоставено на небото и Исус почнал да владее како Цар (Откровение 1:10). Тоа покажува дека најголемиот дел од пророштвата од книгата Откровение ќе се исполнат во денешно време.

  5.   За да ја разбереме оваа библиска книга, потребна ни е мудрост од Бог и помош од оние што веќе ја разбрале. Всушност, овие работи ни се потребни за да го разбереме кој и да е друг дел од Библијата (Дела 8:26-39; Јаков 1:5).