Префрли се на текстот

Може ли Библијата да ми помогне да имам среќен семеен живот?

Може ли Библијата да ми помогне да имам среќен семеен живот?

Што вели Библијата:

 Да. Прочитај ги следниве мудри совети кои се темелат на Библијата и кои им помогнале на милиони луѓе да имаат среќен семеен живот.

  1.   Озакони ја својата врска. За семејството да биде вистински среќно, мажот и жената треба да го озаконат своето заедничко живеење и да се заветуваат на доживотна љубов и верност (Матеј 19:4-6).

  2.   Покажи љубов и почит. Ова значи да се однесуваш со брачниот другар како што би сакал тој да се однесува со тебе (Матеј 7:12; Ефешаните 5:25, 33).

  3.   Избегнувај груби и навредливи зборови. Зборувај љубезно дури и кога твојот сопружник ќе каже или ќе направи нешто што ќе те повреди (Ефешаните 4:31, 32). Во Библијата во Изреки 15:1 пишува: „Благиот одговор го смирува гневот, а остриот збор предизвикува лутина“.

  4.   Биди му верен на брачниот другар. Немој емоционално да се врзуваш со некој што не ти е сопружник. Не покажувај сексуален интерес за никој друг освен за твојот брачен другар (Матеј 5:28). Во Библијата стои: „Бракот нека биде чесен меѓу сите и брачната постела нека биде чиста“ (Евреите 13:4).

  5.   Воспитувај ги своите деца со љубов. Немој да бидеш ниту премногу попустлив ниту премногу строг (Изреки 29:15; Колошаните 3:21).