Префрли се на текстот

Дали Бог е тројство?

Дали Бог е тројство?

Што вели Библијата:

 Многу христијански религии учат дека Бог е тројство. Меѓутоа, во една енциклопедија пишува: „Во Новиот завет не се појавуваат ниту зборот тројство ниту самото учење... Ова учење се развивало постепено во текот на неколку векови и како резултат на многу полемики“ (Encyclopædia Britannica).

 Всушност, Богот за кој пишува во Библијата никогаш не е опишан како дел од некое тројство. Забележи ги следниве библиски стихови:

 „Јехова, нашиот Бог, е еден Јехова“ (5. Мојсеева 6:4).

 „Ти, чие име е Јехова, си Севишен над целата земја“ (Псалм 83:18).

 „За да добијат вечен живот, треба добро да те запознаат тебе, единствениот вистински Бог, и оној кого го испрати, Исус Христос“ (Јован 17:3).

 „Бог е само еден“ (Галатите 3:20).

 Зошто повеќето христијански религии тврдат дека Бог е тројство?