Префрли се на текстот

За што да се молам?

За што да се молам?

Што вели Библијата:

 Можеш да се молиш за сѐ што е во склад со Божјите закони и начела запишани во Библијата. „Што и да бараме во склад со [Божјата] волја, тој нѐ слуша“ (1. Јованово 5:14). Дали смееш да се молиш за работи што те загрижуваат? Да. Во Библијата пишува: „Излевајте го срцето пред [Бог]“ (Псалм 62:8).

Можеш да се молиш за:

  •   вера во Бог (Лука 17:5)

  •   свет дух, односно силата со која Бог ќе ти помогне да постапуваш исправно (Лука 11:13)

  •   сила да излезеш на крај со тешкотиите и да не подлегнеш на искушенијата (Филипјаните 4:13)

  •   душевен мир и спокојство (Филипјаните 4:6, 7)

  •   мудрост да донесуваш добри одлуки (Јаков 1:5)

  •   секојдневните потреби (Матеј 6:11)

  •   простување на гревовите (Матеј 6:12)