Префрли се на текстот

Обиколки на Бетел

Срдечно те покануваме да ги разгледаш нашите подружници, односно Бетели. Во некои од нашите подружници има изложби кои може самостојно да се разгледаат.

Повторно има обиколки: Од 1 јуни 2023 год., повторно има обиколки во Бетелите во многу земји. За повеќе информации, стапи во контакт со подружницата која би сакал да ја посетиш. Те молиме да не доаѓаш на обиколка доколку си позитивен на КОВИД-19, имаш симптоми на настинка или грип или неодамна си бил во контакт со некој што е позитивен на КОВИД-19.

Германија

Информации за обиколка

Дали треба однапред да закажеш обиколка? Да. За да се избегне гужва и за да може секој да ужива во обиколката, ги замолуваме оние што сакаат да го посетат Бетел, без разлика на големината на групата, да закажат однапред.

Дали ќе можеш да имаш обиколка доколку не си закажал однапред? Ако немаш закажано, можеби нема да бидеме во можност да ти организираме обиколка. Бидејќи просторот е ограничен, секој ден Бетел можат да го посетат само одреден број луѓе.

Кога треба да дојдеш на закажаната обиколка? За да се избегне гужва, те молиме да не доаѓаш повеќе од еден час пред закажаниот термин.

Како можеш да закажеш обиколка? Кликни на „Закажи обиколка“.

Дали можеш да го смениш терминот или да ја откажеш обиколката? Да. Кликни на „Провери го или смени го терминот“.

Што ако нема слободен термин во денот кој тебе ти одговара? Продолжи да проверуваш на страната бидејќи, во меѓувреме, термините на некои обиколки можат да бидат сменети или откажани.

Закажи обиколка

Преземи проспект за обиколка

Изложби

Историска изложба. Во склоп на оваа изложба посетителите можат да се запознаат со историјата на Јеховините сведоци во Австрија, Германија, Лихтенштајн, Луксембург и Швајцарија. На изложбата е прикажано како Јехова го благословувал проповедничкото дело во 1890-тите, кога имало само неколкумина храбри проповедници, како тоа го правел низ периоди на забрана и прогонство, и како благодарение на неговиот благослов, денес има огромен пораст.

Адреса и телефонски број

Am Steinfels 1

65618 SELTERS

GERMANY

+49 6483-41-0

Најди ја локацијата