Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Поглед во светот

Поглед во светот

Поглед во светот

„Науката изобилува со докази што ја поткрепуваат еволуцијата, која по сѐ изгледа е очигледен факт што го збогатува нашето знаење за животот“ (ПАПАТА БЕНЕДИКТ XVI).

„Владата мака мачи... за да дојде до средствата потребни за проверка и поправка на околу 74.000 ‚нестабилни‘ мостови во САД откако 40-годишниот мост во Минеаполис [Минесота], висок 18 метри, ненадејно се урна во реката Мисисипи токму за време на шпицот, при што загинаа [13 лица]“ (THE WEEK, САД).

Повеќето го кршат законот

„Верувањето дека повеќето се придржуваат кон законот е чиста заблуда“, пишува лондонскиот весник Times. „Повеќето Британци признаваат дека ги почитуваат само оние закони што им се допаѓаат, и тоа само кога им одговара.“ Истражувањата на Центарот за криминал и правда при Кралскиот колеџ во Лондон покажаа дека повеќето сторители на кривични дела потекнуваат од „високите кругови“. Една третина од анкетираните плаќаат во готово за да избегнат данок, една третина не ги враќаат парите ако некаде им дадат вишок кусур, а една петтина од нив признаваат дека крадат на работа. Според истражувачите, ваквото однесување е „можеби поверодостојно мерило за моралната состојба на општеството отколку насилството и уличниот криминал“.

Нуклеарното оружје — „во Божји раце“?

Руската православна црква ја благослови работата на мажите и жените задолжени да го складираат и да го одржуваат нуклеарното оружје на Русија. Весникот Краснаја звезда известува дека, во пораката што ја прочитал при една церемонија во Соборната црква „Спасителот Христос“ (Москва), поглаварот на Руската православна црква, Алексиј II, рекол: „Го молам Бога... нуклеарното оружје што го создадовте и што ви е доверено засекогаш да остане во Божји раце и да послужи само како средство за заплашување или за одбрана од непријателот“.

Медот во стариот Израел

Според Археолошкиот институт при Хебрејскиот универзитет во Ерусалим, „пронајден е археолошки доказ дека Библијата со право го опишува Израел... како ‚земја во која тече мед и млеко‘ (или барем ‚земја во која тече мед‘)“. Станува збор за глинени кошници за пчели со цилиндрична форма на најмалку три нивоа, кои се пронајдени во Тел Рехов, во израелската долина Бет Ше’ан. Според извештајот, оваа колонија пчели живееле во периодот „меѓу 10 и 9 век пр.н.е... во стотина кошници“. Пчеларите проценуваат дека овде се произведувал „и до половина тон мед“ годишно.

Миленичињата поважни од сѐ

Според една анкета спроведена на Интернет, „на секој четврти Австралиец, миленичето му е најдрагиот член на семејството, помил дури и од брачниот другар или од родителите“, известува весникот The Sydney Morning Herald (електронска верзија на Интернет). Секој трет испитаник во оваа анкета, која ја спроведе една австралиска агенција за консалтинг, троши „повеќе време и пари за своето милениче отколку за своите здравствени потреби“. Некои од третманите што се користат кај миленичињата се магнетна резонанција, ендоскопска хирургија, трансплантација на коски, хемотерапија, трансплантација на органи, вградување вештачки колк, па дури и операција на мозокот.