Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Островот Ометепе на Езерото Никарагва има бујна вегетација и го сочинуваат два огромни вулкани меѓу кои има теснец

ЗЕМЈИ И НАРОДИ

Во посета на Никарагва

Во посета на Никарагва

ЛУЃЕТО честопати ја нарекуваат Никарагва земја на езера и вулкани. Оваа земја може да се пофали со најголемото езеро во Средна Америка — Езерото Никарагва. Староседелските племиња го нарекуваат Cocibolca што значи „Слатко Море“. Во него има стотици острови и тоа е единственото слатководно езеро во кое живеат риби што обично ги има во океаните, како што се ајкулите, сабјарките и тарпоните.

Растението плумерија (Plumeria rubra) е симбол на Никарагва

Во Никарагва се наоѓа и едно од најзафрлените подрачја на Средна Америка — брегот Мискито. Тој е долг 65 километри и го опфаќа речиси целото источно крајбрежје на Никарагва, па дури и дел од крајбрежјето на Хондурас. Мискитите се едно од неколкуте домородни племиња кои живееле таму уште пред да се доселат Европејците во 16 век.

Тие се многу дружељубиви луѓе и имаат несекојдневни обичаи. На пример, во нивниот јазик нема формални зборови за обраќање, како што се „господин“ и „госпоѓа“. Во селата, помладите им се обраќаат на повозрасните со „чичко“ или „тетка“, сеедно дали се роднини или не. Жените од ова племе уште од дамнешни времиња имаат обичај да се поздравуваат со блиските пријатели или роднини така што се допираат со образите. Притоа, жената која прва се поздравила гласно вдишува преку својот нос.

Староседелци

Библиски публикации на мајангна и мискито, издадени од Јеховините сведоци