Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Одговор на библиски прашања

Одговор на библиски прашања

Дали мртвите повторно ќе живеат?

Творецот може да ги врати во живот оние што умреле

Јехова Бог е изворот на животот (Псалм 36:9). Тогаш, зар не е разумно да заклучиме дека тој може да ги врати во живот оние што умреле? Библијата нѐ уверува дека Бог во иднина ќе го стори токму тоа. (Прочитај Дела 24:15.) Но, зошто ќе ги воскресне мртвите?

Кога ги создал луѓето, Бог имал намера тие да живеат вечно на Земјата (1. Мојсеева 1:31; 2:15-17). Тоа сѐ уште е негова намера. Тој чувствува голема болка кога гледа дека нашиот краток живот е исполнет со многу неволји и страдања. (Прочитај Јов 14:1, 14, 15.)

Каде ќе живеат воскреснатите?

Дали Бог ги создал луѓето за да живеат на небото? Не. Тој ги создал ангелите да живеат на небото, а луѓето ги создал да живеат на Земјата (1. Мојсеева 1:28; Јов 38:4, 7). Што мислиш, каде Исус ги извршил своите воскресенија? Токму овде, на Земјата. Слично на тоа, повеќето од оние што ќе бидат воскреснати во иднина ќе живеат на Земјата. (Прочитај Јован 5:28, 29; 11:44.)

Сепак, Бог избрал еден мал број луѓе да воскреснат на небото со духовно тело (Лука 12:32; 1. Коринќаните 15:49, 50). Тие ќе владеат од небото заедно со Исус како цареви над Земјата. (Прочитај Откровение 5:9, 10.)