Префрли се на текстот

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Што треба да правам по крштавањето? — Прв дел: Продолжи со твоите добри навики

Што треба да правам по крштавањето? — Прв дел: Продолжи со твоите добри навики

 Секоја вредна работа што ја поседуваме, како на пример една куќа или една кола, треба добро да се одржува. Истото важи и за твоето пријателство со Бог. Што можеш да правиш за твоето пријателство со Бог да остане цврсто и по крштавањето?

Во оваа статија

 Продолжи да ја проучуваш Божјата Реч

 Клучен стих: „Потполно да му угодите [на Бог], донесувајќи плод во секое добро дело и сѐ подобро запознавајќи го“ (Колошаните 1:10).

 Што значи ова: По крштавањето, ќе треба да продолжиш да ја читаш Библијата и да размислуваш за она што го учиш од неа (Псалм 25:4; 119:97).

 Што можеш да очекуваш: Понекогаш нема да имаш желба да проучуваш и можеби ќе заклучиш дека не си некој студиозен тип.

 Што можеш да направиш: Избирај си теми што те интересираат. Сам одреди кога и како ќе ја проучуваш Библијата и библиските публикации. Направи си план за проучување кој ти одговара тебе, па проучувањето на Библијата нема да ти биде напорно и досадно. Не заборавај дека целта треба да ти биде да расте твојата љубов кон Јехова и кон неговата Реч. Од таквото проучување ќе извлечеш корист, а и ќе уживаш во него (Псалм 16:11).

 Предлог: За да извлечеш поголема корист, проучувај на некое тивко место каде што ќе можеш полесно да се концентрираш.

 Дополнителна помош

Продолжи да му се молиш на Јехова

  Клучен стих: „Не бидете загрижени за ништо, туку во сѐ — со молитви и молби, со благодарење — изнесете му ги своите барања на Бог“ (Филипјаните 4:6).

 Што значи ова: Секое пријателство се темели на добра комуникација, а така е и со Бог. Ти го слушаш кога ја читаш неговата Реч, а му зборуваш кога му се молиш. Во твоите молитви можеш да бараш од него да ти помогне, но и да му благодариш за добрите работи што ти ги дава.

 Што можеш да очекуваш: Понекогаш можеби ќе забележиш дека во твоите молитви кажуваш едно исто. Може дури и да почнеш да се сомневаш дали Јехова навистина те слуша или дали твоите молитви му се важни (Псалм 10:1).

 Што можеш да направиш: Во текот на денот размислувај за што би можел да се молиш. Ако за нешто сакаш да се помолиш, но во моментот околностите не ти го дозволуваат тоа, тогаш не заборавај да се помолиш за таа работа подоцна. Освен што ќе се молиш за она што ти е важно тебе, моли се и за потребите на другите (Филипјаните 2:4).

 Предлог: Ако забележиш дека твоите молитви станале механички, моли го Јехова токму за тоа. Тој сака да му кажеш што сѐ те мачи, па дури и ако тоа е нешто поврзано со твоите молитви (1. Јованово 5:14).

 Дополнителна помош

Продолжи да ги споделуваш со другите твоите верувања

  Клучен стих: „Добро внимавај како живееш и како поучуваш... Правејќи го тоа ќе се спасиш и себеси и оние што те слушаат“ (1. Тимотеј 4:16).

 Што значи ова: Кога ги споделуваш твоите верувања со другите, се зајакнува и твојата вера. Како резултат на тоа, можеби ќе го спасиш животот на оние што те слушаат, а ќе го спасиш и твојот сопствен живот.

 Што можеш да очекуваш: Понекогаш можеби нема да имаш желба да зборуваш со другите за твоите верувања. Дури може и да се плашиш да го правиш тоа, особено на училиште.

 Што можеш да направиш: Биди решен да не дозволиш негативните чувства, како што е стравот, да влијаат врз твоите одлуки. Апостол Павле напишал: „Ако [ја објавувам добрата вест] против своја волја, сепак ми е доверена задача“ (1. Коринќаните 9:16, 17).

 Предлог: Со дозвола од родителите, најди некој соверник кој ќе ти помага и ќе ти биде добар пример во службата (Изреки 27:17).

 Дополнителна помош

Продолжи да присуствуваш на собраниските состаноци

  Клучен стих: „Да размислуваме еден за друг за да се поттикнуваме кон љубов и кон добри дела, и да не ги пропуштаме нашите состаноци“ (Евреите 10:24, 25).

 Што значи ова: Главната причина зошто одиме на состаноците е за да го обожаваме Јехова. Но, тоа ни користи на уште два начина. Прво, ти добиваш охрабрување од твоите браќа и сестри. Второ, ти ги охрабруваш нив со твоето присуство и со твоето учество (Римјаните 1:11, 12).

 Што можеш да очекуваш: Понекогаш, додека си на состанок мислите можат да ти одлутаат и како резултат на тоа да пропуштиш важни поуки. Или, пак, би можел толку многу да се концентрираш на други работи, како на пример на твоите задачи за на училиште, што ќе почнеш да ги пропуштат состаноците.

 Што можеш да направиш: Немој да го запоставиш училиштето, но биди решен редовно да присуствуваш на состаноците и постави си за цел да извлечеш што е можно поголема корист од нив. Биди активен така што ќе креваш рака за да коментираш. По состанокот, пофали барем еден од браќата и сестрите кој коментирал или имал некоја точка.

 Предлог: Подготви се за состанокот. Преземи ја апликацијата JW Library® и оди во делот „Состаноци“, каде што ќе го најдеш материјалот за секој состанок.

 Дополнителна помош

  •   Прочитај:

     Зошто да одам на христијанските состаноци?