Префрли се на текстот

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

На што да пазам во врска со пораките?

На што да пазам во врска со пораките?
  • :-) Ако пазиш како ги користиш, пораките можат да бидат одличен начин да бидеш во контакт со другите.

  • :-( Ако не си внимателен, можеш да си ги расипеш пријателствата, а и угледот.

Во оваа статија ќе прочиташ на што треба да внимаваш во врска со тоа:

Ќе најдеш и:

 Кому праќаш пораки

 За многу тинејџери праќањето пораки е основен начин на комуникација. Преку пораките можеш да бидеш во контакт со секој што ти е во именикот — се разбира, доколку твоите родители немаат приговор.

 „На татко ми не му се допаѓа кога јас и сестра ми зборуваме со момчиња. Ако сакаме да зборуваме со некое момче мораме да зборуваме од фиксниот телефон во дневната соба и само пред други“ (Ленор).

 Што треба да знаеш: Ако секому го даваш својот број, може да си направиш беља.

 „Ако не пазиш на кој сѐ го даваш твојот број, кога-тогаш ќе добиеш непожелни пораки или слики“ (Скот).

 „Ако редовно си праќаш пораки со некој од спротивниот пол, може многу брзо емотивно да се приврзеш кон него“ (Стивен).

 Библијата вели:Паметниот човек го гледа злото и се трга“ (Изреки 22:3). Со малку претпазливост можеш да се поштедиш од многу главоболки.

 Вистинска приказна: Јас и едно момче бевме другари и често си праќавме пораки. Во мојата глава, ние бевме само добри другари. И сѐ си беше ОК, додека еден ден не ми кажа дека се заљубил во мене. Кога подобро ќе размислам, јасно ми е дека не требаше да поминувам толку многу време со него и да му праќам толку многу пораки (Мелинда).

 Размисли: Што мислиш, како ќе влијае врз нивното пријателство тоа што Мелинда сега знае дека другар ѝ е вљубен во неа?

 Што би сменил? Што можела да направи Мелинда за да си останат само пријатели?

 Што пишуваш во пораките

 Толку е лесно, а и интересно да се праќаат пораки што може да заборавиме дека некои луѓе се склони да читаат меѓу редови.

 Што треба да знаеш: Зборовите во пишана порака можат да се сфатат погрешно.

 „Во комуникацијата преку пораки не можеш да ги осетиш чувствата и тонот на гласот — дури и ако во пораката има емотикони или други симболи. Тоа може да доведе до недоразбирања“ (Бриана).

 „Познавам девојки што си го расипаа угледот и сега се на глас дека флертуваат само поради она што им го им пишале на некои момчиња“ (Лора).

 Библијата вели:Праведникот промислува што ќе одговори“ (Изреки 15:28). Што учиме од ова? Препрочитај ја пораката пред да ја пратиш!

 Кога праќаш пораки

 Би можел сам да си поставиш разумни правила во врска со праќањето пораки.

 Што треба да знаеш: Ако не внимаваш што пишуваш, ќе излезеш прост и некултурен, поради што другите ќе те избегнуваат.

 „Многу е лесно кога пишуваш да заборавиш на манирите. Ми се случува да зборувам со некого или да сум на сред јадење и во исто време да си пишувам пораки со друг“ (Алисон).

 „Опасно е да возиш и да пишуваш пораки. Ако ги тргнеш очите од патот, има шанси да направиш сообраќајка“ (Ана).

 Библијата вели:Сѐ си има свое време... време за молчење и време за зборување“ (Проповедник 3:1, 7). Ова важи и за пишувањето пораки!

 Предлози

Кому праќаш пораки

  •  ;-) Почитувај ги правилата што ти ги поставиле родителите (Колошаните 3:20).

  •  ;-) Избери кому ќе го дадеш својот број. Кога љубезно одбиваш да дадеш лични информации — вклучувајќи го и твојот број — учиш вештина што ќе ти треба како возрасен.

  •  ;-) Немој да флертуваш преку пораки. Ако се родат романтични чувства, можеш да му го скршиш срцето некому.

 „Родителите гледаат дека внимавам како го користам мобилниот и затоа имаат доверба дека мудро ќе одлучам и чиј број ќе го меморирам“ (Бриана).

Што пишуваш во пораките

  •  ;-) Пред да почнеш да ја пишуваш пораката, прашај се: ,Дали во оваа ситуација е најдобро да комуницирам преку порака?‘ Можеби е подобро да се јавиш или да почекаш за да зборуваш лице в лице.

  •  ;-) Не ставај во порака нешто што не би го кажал лично. „Ако нешто не е убаво да се каже гласно, тогаш не е убаво ни да се напише во порака“, вели Сара (23).

 „Ако некој ти испрати провокативни слики, кажи им на родителите. Така ќе се заштитиш себеси, а и родителите ќе имаат поголема доверба во тебе“ (Сирван).

Кога праќаш пораки

  •  ;-) Одреди време кога нема да го користиш телефонот. „Кога јадеме, кога учам или кога ја проучувам Библијата, телефонот не е до мене“, вели една девојка по име Оливија. „А кога сум на христијанските состаноци, сосема го исклучувам за да не се најдам на искушение да погледнам во него.

  •  ;-) Биди обѕирен (Филипјаните 2:4). Не праќај и не читај пораки додека зборуваш со некого.

 „Си поставив правила, на пример, не праќам пораки кога сум во друштво, освен ако е нешто итно. Исто така, не го давам мојот број на луѓе што не ги познавам добро“ (Јанели).